Вести

Мишел Обама -oсновачка на фондацијата – Global Girls Alliance

Мишел Обама е адвокат, универзитетски админстратор , бестселер и поранешна Прва Дама на Соединетите Американски Држави. Таа е првата Афро – Американка која што ја имала таа улога. Обама во 2018 го откри својот нов проект – Фондацијата Girls Opportunity Alliance, со мотото – Иднината на нашиот свет е светла колку нашите девојки.

Идеата за овааа фондација е  инспирирана од 98 милиони адолесцентни девојки кои не посетуваат школо. “Тоа се премногу празни клупи – и премногу неостварени соништа. Кога девојките ги добиваат можностите што ги заслужуваат , прекрасни работи се случуваат, се намалува сиромаштијата, економијата расне, семејствата стануваат посилни и се раѓаат поздрави деца.” вели Мишел Обама .