Општо

Хрватската министерка Марија Пејчинович Бурич избрана за Генерална Секретарка на Советот на Европа

Хрватската Mинистерка за Надворешни работи и Европски прашања Марија Пејчинович Бурич е избрана  за Генерална Секретарка на Советот на Европа за наредните 5 години.

Со 159 гласови од вкупните 268 на состанокот во Стразбург, таа го победи белгискиот министер за надворешни работи Дидиер Рејдерс.

Бурич рече дека Советот на Европа е многу важна институција во Европа.

“Ни треба повеќе дијалог помеѓу земјите членки како и внатрешен дијалог во Советот на Европа. Ние треба да го зачуваме мултилатерализам а оваа организација е една од столбовите на Европскиот мултилатерализам. За време на мојот 5 годишен мандат јас ќе водам посебна грижа за сите проблеми поврзани со дискриминација, посебно за дискриминацијата на жените и децата” рече Бурич.

 Ова е втор по ред мандат кој и е доверен на жена во 70 годишното постоење на Советот. Првиот женски генерален секретар беше французинката Катрин Лалумиере, од 1989 до 1994.