8то по ред издание на Женскиот Светски Куп FIFA се одржа во девет градови низ Франција, со 24 женски национални тимови од 7 Јуни до 7 јули оваа година. Американскиот тим го освои купот и славеше по четврти пат.
Покрај навивачкиот дух и целокупната популарност на купот, интересно е што се подигнува прашањето за родовата нееднаквост на платите меѓу машкиот и женскиот тим во Америка. Додека американките победнички ги примаа своите медали, доаѓаа извици за еднакви плати од страна на публиката.
Во моментов Американскиот Женски Национален Тим ја тужи Американската Федерација за родова дискриминација. Оваа постапка е подигната на 8ми март Интернационалниот ден на жената,оваа година.
Според тужбата, Американскиот машки тим добил 5 милиони американскии долари после нивната загуба на Светскиот Куп 2014, додека пак женскиот тим добил нешто помалку од 2 милиони долари после нивната победа во 2015 – известуват америчките медиуми.
“Овие жени го подигаат медија рејтингот, но се платени помалку само заради тоа што се жени. Редно време е Федерацијата да го смене ова засекогаш” вели потпаролката на американскиот тим Моли Левинсон.
Најнови коментари