Малала е родена на 12 јули 1997 во Пакистан. Таа таму беше активист за правата на жените и девојчињата на образование, инспирирана од хуманитарната работа на својот татко кој водеше училиште каде учеа девојчиња.
На 9ти октомври 2012 , после завршувањето на својот испит во училиште, со своите две другарки, таа се возеше во автобус, каде што беше застрелана со пиштол во главата од страна на Талибанец заради нејзиниот активизам.
Малала закрепна во болницата “Кралицата Елизабета” во Бирмингем , Англија, после 10- дневна критична состојба.
Од тој момент таа стана најпознатата млада девојка која продолжи да се бори за правата на образование на жените и девојчињата низ светот. Ко-автор е на книгата “Јас сум Малала” која веднаш стана бестселер. Во 2014 година таа стана најмладата Нобеловка. Според неа е направен и филмот “Тој ме нарече Малала”, кој влезе во тесниот круг за Оскар во 2015 година.
Денес таа студира Филозофија, Политика и Економија на универзитетот Оксфорд во Англија и има своја невладина организација Малала Фонд.
“Со повеќе од 130 милиони девојчиња кои не се во училишни клупи денес, има сеуште што да се стори. Се надевам дека и вие ќе се приклучите во мојата борба за образование и еднаквост. Заедно, можеме да направиме свет во којшто сите девојки ќе можат да се образоваат и водат”.
Најнови коментари