Еднакви.мк: Д-р Ана Вие сте основачка на иницијативата за подигање на свеста за усното здравје “Повеќе насмевки”, може да ни кажете како дојдовте до идеа за ваков проект?
Д-р Кртолица: Кога станувате родител почнувате нов и различен живот, и почнувате да се занимавате со теми и прашања кои никогаш претходно не ви биле фокус на интерес. Ви се отвара една друга перспектива за нешта кои не сте ги приметувале. Така, анализирајќи ги децата во парк и навиките во однос на храната, насмевките на дечињата со кариозни заби, шишињата со засладени пијалаци, сфатив дека навистина правиме грешки во однос на забите. Можноста за компарација со Словенија и навиките на Словенците, ме поттикнаа дека тие се добар пример и дека и ние треба да се освестиме за усното здравје и нашите навики. За да се всадат нови добри навики треба да се почне од најмалите, а притоа да се едуцираат и свестат и негувателите (родители, старатели, баби и дедовци итн.). Така се роди иницијативата “Повеќе насмевки” која и денес живее со индивидуален пристап во стоматолошката ординација д-р КРТОЛИЦА.
Д-р Кртолица: Стоматолошките интервенции кај децата се сложен процес кој бара соработка од сите вклучени страни. Докторот, родителот и детето сочинуваат еден триаголник во кој секој „агол“ има своја улога. Главната улога на родителот е навреме да го донесе своето дете на прв преглед, а тоа е некаде околу втората година, и никако да не чека да се појави проблем за да побара помош од стоматолог. Понатаму, секако е потребно да ги следи инструкциите на стоматологот во однос на исхраната, хигиената и да биде доследен во спроведувањето на истите.
Бидејќи трпението на децата е мало, терминот кај стоматолог не смее да биде подолг од 30 минути. Се’ што е повеќе од тоа е напорно за децата и не вродува со плод, напротив им прави одбивност. Правилен пристап на првиот термин е да се направи преглед, разговор, и да се запознае дететото со професијата стоматолог и работното место. Во случај да имаме можност за интервенција таа мора да биде брза и безболна. Тоа значи дека започнуваме со најмалиот кариес за да ја придобиеме довербата на детето, дури потоа се сработуваат “проблематичните заби”. Кога детето соработува наградете го со ситна но значајна награда, нешто што на вашето дете му значи. Кога детето не соработува скратете му од удопствата, на пример скратете ги слатките оброци се додека не се поправи запче. Доследноста го стимулира детето да соработува и на крајот секако да се чувствува дека е важно и успешно во целиот процес. Во овој наш триаголник докторот никако не смее да биде “лошиот”, бидејќи тој треба да биде сојузник на детето, да ја придобие неговата доверба и да го стимулира за соработка. Родителот е тој којшто ги поставува границите. Никогаш не поставувајте му прашања на своето дете кои му нудат можност да избере да не соработува. Задавајте му задачи кои водат до целта и до некаква награда за успехот. Само ако делуваме како тим можеме да имаме успех во работата.
Најнови коментари