Општо

Јахар Мухамед- претседателка на Организацијата "Слободата на Жените" во Ирак

Јахар е родена во Бангладеш и е една од најголемите феминистки во Ирак. Покрај тоа, таа е и уредничка на списанието Еднаквост. Има добиено многу награди за својата работа како: Грубер наградата за Женски Права во 2018 година, Норвешката Награда Рафто во 2016 година како и наградата Еленор Рузвелт за Женски Права каде е признаена за подигнување на гласот на жените и штитење на нивните права во пост-воениот Ирак.

Јахар почнала да лобира меѓу жените, за да ја направат оваа организација која денес брои 40 невладини организации и е мрежно распространета низ целата земја.

Нејзината организација се бори за правата на жените, стопирање на трговијата со жени и деца и има 6 Сигурни Куќи за жртви на сексуално насилство од страна на екстремистите и ISIS. Таа веќе 15 години работи на ова поле. Најновите предизвици во нејзината работа се се’ поголемото насилство што се шири низ цела земја и фактот дека жени и девојчиња се напаѓани и заробувани дури и преку ден. Војната почна да претставува напад на женското тело -вели Јахар.

 “Нашиот фокус е да допреме до властите да превземат нешто околу ова, да ги заштитат правата на жените и да донесат закони како се’ ова би се спречило. Првиот наш успех беше во 2015 година кога власта одлучи да вложи пари во вид на месечна парична помош за преживеаните жртви на ISIS . Дотогаш никој не побарал ваков тип на помош и во тој момент знаевме дека сме нас вистинскиот пат”.

Во 2008 организацијата имала само едно засолниште за жените жртви, а денес брои 6, кои се распространети низ целата земја. Државата не ги признава легално овие засолништа и цело време ги заплашува велејќи дека тоа што го прават е нелегално.

Оваа тема во Ирак е табу долго време. Таму сеуште е тешко да се зборува за трговијата на луѓе, додека над 100.000 жени и девојки се жртви на ваков тип на насилство. Дозволен е брак на девојчиња над 9 години што е практично педофилија. На мажите им е дозволена и полигамијата.

“Сега е вистинско време да им се спротиставиме на ISIS и да го прекинеме ова насилсто што се случува. Тоа е тешко бидејќи имаме многу мала војска, но ние продолжуваме со нашата мисија” изјавува Јахар Мухамед.