Општо

“Mоќните” сопруги позади своите сопрузи

Добро познатата изрека дека позади секој успешен маж стои успешна жена е вистина. Но за каков тип на успешна жена всушност станува збор тука?

Имаме неколку примери:

Зигмунд и Марта Фројд

Сопругата на Зигмунд Фројд – Марта Фројд, не само што ги средувала и местела неговите алишта, туку му ставала паста на неговата четка за заби секое утро. Нивната домашна помошничка, Селеста, не само што му носела кафе, кроасани, весници и пошта на сребрен послужавник на Фројд, туку и требалo да биде на располагање кога и да сакал да разговара, некогаш со саати.

Карл и Џени Маркс

Сопругата на Карл Маркс, живеела во куќа без вода и струја со своите три деца, додека тој ги поминувал своите денови пишувајќи во Британскиот Музеј.

 

 

 

Густав Махлер се оженил со успешна млада композиторка- Алма, за потоа да и забрани да компонира, велејќи дека само еден од семејството може да го прави тоа. На Алма и било за задача да ја чува куќата во тишина. Одкога ќе испливал (негова секојдневна рутина) Густав ќе ја викнел со свиркање за да му се придружи на долги прошетки во тишина, додека тој компонирал во својата глава. Таа ќе седела така на тревата, без да се осуди да го вознемири. 

Густав и Алма Махлер

Таа во својот дневник напишала дека преживува мизерно посакување на некој кој ќе мисли на неа, кој ќе и помогне да се пронајде самата себе. “Јас сум на ниво на домашна помошничка”.

Вилијам Шекспир со семејството

Вирџинија Вулф еднаш замислила што би постанал Шекспир доколку се родел како женско. “Женскиот Шекспир, никогаш нема да имаше време ниту можност да го развие во себеси својот гениј- нема да смееше да посетува училиште, ќе беше приморан да се ожени млад и тепан доколку не го стори тоа” напишала Вулф. Сестрата на Шекспир и покрај нејзините големи таленти, завршила замолчена и полудена во колиба во шумите.

Бриџит Шулте (новинарка која се има здобиено со Пулицерова награда) вели: “Се прашувам што ќе беше ако нам жените ни е оставено време навистина да се реализираме? Да имаме време за себе, во своите соби или да се посетуваме почесто едни со други и да пиеме кафе или чај разговарајќи за нашите приказни кои подеднакво вредат.  За тоа што се би можеме да сториме. Би сакала да видам кон што ќе води тоа.”