Општо

Маника против табуто за менструација во Непал

Маника Шреста уште како девојче кое пораснало во сиромашен кварт во Катхманду, Непал, веднаш забележала дека жените и девојчињата се дискриминирани во своите семејства и во заедницата.

Таа уште во тинејџерските години се зачленила во еден од клубовите кои ги поддржувал Глобалниот Фонд за Жени “Непал Махила Еката Самај”. Овие клубови ги едуцираат сиромашните жени и девојчиња за теми кои таму се сеуште табу како: менструација, хигиена, право на сексуално и репродуктивно здравје и ран и присилен брак.

Таа сега води сопствен проект во склоп на ”Непал Махила Еката Самај” клубовите, каде воспитува група од 22 девојчиња за нормализирање на менструалната хигиена.

Во Непал, сеуште се верува дека крвта која истекува од женското тело е нечиста. Ова традиционално верување познато како Чаупади, трае веќе стотици години. Се тврди дека додека жените и девојките крварат, тие не смеат да се бидат допрени. Не смеат ниту да излезат од своите соби и им е забранета било каква активност.

“Кога почнавме да дискутираме на вакви теми во заедниците, сите се согласивме дека треба да се зборува за менструацијата. Нашите родители велеа- “ние не ги споменуваме овие теми”. Тие не стопираа да зборуваме за ова. Тогаш сфативме дека мораме да работиме на овој проблем. Мојата желба е секоја жена да биде слободна и независна” вели Маника.