Општо

Почина Тони Морисон-првата Африканско – Американска жена што ја доби Нобеловата награда за литература

Тони Морисон, добитничка на Нобелова награда за литература, чии што книги го истражуваа Африканско-Американскиот идентитет во Америка, често и нивните тешки искуства таму-почина вчера, на 06 Август во Њујорк. Таа имаше 88 години.

Морисон беше професорка на престижниот Харвард. Нејзината книга “Најсините очи”, го скрши мразот во 1970 година. Таа, во оваа нејзина прва книга пишуваше за тешкиот живот на една млада Африканско-Американска девојка и беше прва писателка која што ја истретира оваа тема. “Кој пишуваше тогаш за тие девојки? Кој пишуваше за нивните трауми и нивниот живот? Кој пишуваше за Африканско-Американските заедници?”- изјави нејзиниот колега професорот Нолив Рокс. “Таа ја пишуваше вистината”.

Тони Морисон беше првата Африканско-Американска жена, која  што се здоби со Нобелова награда за литература во 1993 година. Таа беше автор на 11 романи, како и книги за деца и колекции на есеи. Г-ѓа Морисон ја има добиено и Пулитзер наградата (1988) како и Критика на Нацоналната Книга наградата во 1997.