Општо

5 млади и иновативни девојки кои ја носат и менуваат иднината на Германија

Млади девојки во Германија, родени помеѓу 1982 па се до 1992 година,
секоја во своето поле и со своите капацитети, ја носат Германија напред.

Франци Куне – родена во 1983 година е ко – основачка на Првата Агенција за Дигитална Трансформација “Торбен, Луцие и Жолтата Опасност” и е член на Надзорниот одбор. Во 2008 година, таа со уште двајца колеги ја формираат оваа агенција, која се занимава со консалтинг на агенции и организации околу дигитализирање на своите брендови и продукти. Компанијата  денес брои 180 вработени. Во меѓувреме во 2017, Куне е прогласена за најмлад член на Надзорниот одбор.

Паула Шварц родена во 1990 година, разви мобилни клиники во кризните зони за бегалците во Грција. Таа покрај тоа, преку сопствен Форум, работи на трансформација на економијата грижејќи се за интересите на потрошувачите наместо за интересите на компаниите.

Марија Екснер родена во 1984 година, од Март 2019 развива иновативни дигитални проекти за on-line изданието на неделниот весник “Die Zelt”. Во 2018 година беше наградена “Newcomer of the Year” на Европскиот Конгрес за Весници.

Лиса Херзог, родена во 1983 година, се од 2016, е најмладата професорка во Германија, на катедрата за Политичка Филозофија и Теорија на новото Баварско Училиште за Јавни Политики на Техничкиот Унверзитет во Минхен. Во 2019 Лиса ја објави својата книга “Чување на Работата”, каде објаснува како работата во иднина може да се подобри преку дигитализација.

Мину Тизаби, родена во 1992, на 14 години ги започна своите студии на Медицинскиот Факултет на Универзитетот Хејделберг. Германката Мину, со потекло од Иран, на 22 години добива лиценца за работа и станува најмладата докторка во Германија. Таа е сега истражувач за канцер на Германскиот истражувачки центар во Хејделберг. Мину беше меѓу 700те талентирани млади истражувачи/ки кои беа поканети на состанокот на Лауреати на Нобелова награда во 2015 година.