Масовни протести се случија во Романија на 27ми Јули после исчезнувањето, силувањето и убиството на 15 годишната Александра Масечану. Во моментите на предупредувања од страна на Брисел и Вашингтон, Романија не се справи со случајот добро. За жал, тој заврши како трагедија.
На 29ти Јули после дводневните протести, законот, по препорака на Судот беше пратен на дебата во Парламентот на Романија.
Премиерката Виорика Данчила на 31ви Јули изјави дека “ Нема да има милост, ниту исклучоци ниту одложувања за ваквите случаеви. Објавувам војна против криминалот. Гневот на граѓаните овие два дена е оправдан. Романија не треба да се плаши. Нашата држава не им припаѓа на криминалците, силувачите, педофилите и трговците со луѓе”.
На нејзиното последно обраќање на 8ми август, Данчила најави дека ќе има промена на законот за педофилија и силување. Со новата итна постапка, казната за овој тип на криминал ќе биде доживотен затвор.
Овој случај предизвка многу контроверзии помеѓу властите во Романија.
Обвинителката Санду рече- “Мое мислење е дека, доколку ова се случеше пред 4 или 5 години, полицијата веднаш ќе се упатеше кон зградата и ќе се обидеше да ја спаси Александра. Сега, овластените лица не одат никаде заради тоа што им е страв да направат нешто што не им е експлицитно напишано”.
Поради овој случај, оставка си даде министерот за Внатрешни работи Николае Мога како и директорот на Телекомуникацискиот Центар. Отпуштен е шефот на полицијата каде Александра се јавила 3 пати, да им каже дека е во животна опасност и да им даде информација каде се наоѓа.
Најнови коментари