Нацистите ја сметале Вирџинија Хал за најопасната шпиунка на светот. Но нејзината приказна не е многу добро позната на јавноста.
Вирџинија Хал била родена во 1906 година во богато семејство во Балтимор, Мериленд и од најмала возраст одбивала да ги исполни очекувањата да се омажи во привилегирано семејство и да има улога на жена и мајка. Таа отишла да студира во Париз за да стане дипломат. Аплицирала многу пати за ваква позиција, како една од 5те жени од 1500 дипломати во тоа време и била постојано одбивана. Прифатила работа во Американската амбасада во Варшава, Полска и после несреќа во Турција, ја изгубила својата лева нога. Тоа ја дисквалификувало од дипломатска работа.
Се вратила во Франција и кога Германија ја окупирала оваа земја, Хал почнала да вози амбулантски возила, спасувајќи француски војници. Кога Франција се предала, таа заминала во Лондон да им помага на Британските трупи. Таен агент ја открил нејзината борбеност и ја назначил за членка на новата служба на Винстон Черчил. Иако тие дотогаш немале женско како нивен борец, ја пратиле Вирџинја во Франција како нивна тајна агентка. Гестапо дознава за неа и таа веќе станува нивен таргет. По нејзината успешна 3 годишна борба како тајна агентка во редовите на Британската војска, таа ги добила сите пофалби и медали од Франција како и од Америка, шеговито изјавувајќи – “Не е лошо за една девојка од Балтимор”.
После завршувањето на Втората светска војна, таа продолжува да работи за CIA се до нејзиното пензионирање во 1966 година. Починува во 1982 година.
Најнови коментари