Генерално верување е дека жените се поголеми жртви на предрасуди во однос на својата старост на работното место спрема мажите. Но најновите истражувања го докажуваат спротивното.
Fairygoodboss – сајт за кариера, направиле истражување со 1000 испитаници/чки кои се со над 40 годишна возраст, за да увидат колку од нив се соочиле со ова, како тоа изгледало и кој повеќе, дали мажите или жените, се соочуваат со овој проблем.
На изненадување, 72% од вкупниот број на испитаници/чки не се соочиле со овој проблем. Процентот помеѓу мажите и жените кои што сепак доживеале дискриминација на база на нивната возраст е приближен.
13% од мажите изјавиле дека имале проблем при вработување заради нивната возраст, додека процентот на жени кои имале слично искуство е 12%. Скоро еднаков е и бројот на мажи и жени кои изјавиле дека колеги/шки имаат искоментирано/ се пошегувале/рекле нешто на сметка на нивната возраст.
Најдепресивниот факт е тој дека овие коментари и забелешки се упатени кон мажи/жени кои не се постари од 45 години.
На прашањето дали излажале за својата возраст 4% од нив одговориле позитивно. Мал дел од испитаниците изјавиле дека се трудат да изгледаат помлади (фарбање на коса, стил на облекување и сл.).
Сепак, не се ретки случаевите каде годишната возраст претставува проблем. ИКЕА, IBM, CITIBANK и многу други организации/фирми, во моментов се соочуваат со тужби од вработени, кои биле жртви на дискриминација во однос на нивната возраст.
Најнови коментари