Општо

11 годишната Тара постави рекорд на МЕНСА, со резултат поголем од тој на Ајнштајн и Стивен Хокинг

На сите насловни страни во Британија се најде средношколката Тара Шарифи која се школува на Алесбери во Бакингхамшир. Таа го полагала IQ тестот на МЕНСА во категоријата за нејзина возраст и постигнала резултат од 162 поени, 2 поени поголем од тој на теоретскиот физичар Алберт Ајнштајн и на познатиот физичар и космолог Стивен Хокинг.

Прашањата на овој тест се поврзани со разбирањето на одредени специфични зборови и одговарањето на истите во однапред одредено време.

Тара и нејзините родители се изненадени од овој резултат. “Никогаш не очекував да постигнам толку голем резултат”- вели Тара. Нејзиниот татко изјави дека додека Тара била мала, тие постојано гледале ТВ квизови и таа веднаш ти решавала сите математички проблеми,дури и пред самите кандидати. И тој бил изненаден, но горд на својата керќа.

Тaра е возбудена што ќе има можност да ги запознае другите членови на МЕНСА, вклучувајќи го Американскиот писател Јојс Карол Ојс и актерката Џина Дејвис.

Сонот на Тара е да продолжи со учење во полето на некој предмет во областа на  математиката. Сите шпекулирааат дека таа ќе ја наследи Мариам Мирзакани- последната победничка во тоа поле.