Општо

Марија Кленова – основачката на руската поморска наука

Марија Кленова (1989-1976, Москва), била руска геологистка и основачка на руската поморска наука. Таа допринела во креирањето на првиот атлас на Антарктикот од страна на Советскиот Сојуз.

Кленова, во текот на Првата Светска војна работела во болница и паралелно била студентка по медицина. Потоа, во текот на Руската Цивилна војна, ги продолжила своите студии во Сибир, па се вратила во Москва да студира и да истражува во полето на минералите на Московскиот Државен Универзитет. Таа била член на Советот за Истражување на Антарктикот на Академијата на Науките на Советскиот Сојуз. Во 1955 година, Кленова се придружила на првата експедиција на СССР на Антарктикот, која траела се до 1957. Соработувала со Австралиската Национална Антарктичка истражувачка експедиција и била дел од нивните патувања на островот Макварие – лоциран помеѓу Нов Зеланд и Антарктикот. Го поминувала своето време на бродовите Об и Лена, (специјализирани бродови за пловење низ води покриени со мраз). На експедицијата со Об, заедно со неа имало и седум други жени. Во тоа време на жените ретко кога им било дозволено да одат на ризични патувања и тие морале да се потпрат на машките колеги за да добијат примероци за истражување од патувањата. Марија поминала скоро 30 години во истражување низ поларните предели и станала првата жена научник која направила истражување на Антарктикот.

Нејзината книга “Геологија на Морето”, објавена во 1948 година, била вториот учебник за поморска геологија.