Општо

Село во Индија сади по 111 дрва секој пат кога ќе се роди девојче

Секоја култура има свои традиции. Селото Пиплантри во Индија, наместо вообичаените традиции, каде се слави раѓањето на машко дете, го слави раѓањето на девојчињата. И не само тоа, туку придонесува и за спас на планетата.

Со секое раѓање на девојче, заедницата во Поплантри сади по 111 дрва. Оваа традиција започнала кога селанин ја изгубил својата ќерка на млада возраст. Одтогаш се посадени преку четвртина милион дрва, обезбедувајќи ги следните генерации со здрава средина за живеење. Дрвата се грижливо чувани и од нивните плодови селаните имаат дополнителен бенефит.

Како дел од истата традиција, за секое родено девојче, со помош од родителите и соселаните, се собираат по 500 долари при што семејството потпишува легален договор во кој стои дека нивната ќерка ќе биде омажена одкога ќе добие соодветно образование и е заштитена од млад брак. Овие средства се чуваат за девојчето за кога таа ќе наполни 20 години.

Неверојатно е да се види како една традиција може да има позитивен импакт во многу аспекти на животот. Овие акции служат за надеж на иднината на родовата еднаквост и одржливост и започнуваат со раѓањето на еден млад женски живот.