Серенити Гари била на 5 годишна возраст кога заедно со својата баба почнала да оди да ги храни бездомниците и гладните во Централна Флорида.
Но организациите и црквите каде таа сакала да помага и рекле дека таа е премногу млада и дека не смее да го прави тоа. Па решила да го прави сама.
Сега, на 14 годишна возраст, Серенити е ученичка во средното училиште Оак Риџ. Нејзината баба и соученици од нејзиниото училиште помагаат таа да ја води својата сопствена хуманитарна организација “Serenity’s Grace”, која ја оформила кога имала 7 години.
Првата година тие им помогнале на 1.100 луѓе. Сега, тој број се постигнува во една недела. Организацијата ги снабдува со храна, алишта па дури и мебел бездомниците кои сега имаат дом за себе.
Серенити скромно ја претставила својата приказна на конференција во Орландо, каде Aaron’s Inc, ја изненадиле со чек од 15.000 долари.
“Ние бевме инспирирани од нејзината работа и размисливме како можеме да придонесеме за ова движење да продолжи” – изјави Мајкл Дикерсон од оваа организација и ѝ се заблагодари на Серенити за сета напорна работа. После долгиот аплауз на конференцијата, бришејќи ги солзите Серенити само се свртила и ѝ се обратила на својата баба со зборовите- “ Ќе купиме камион за да пренесуваме храна, нели? “. Тие две морале да откажуваат донации со храна, заради тоа што немале како да ја пренесат.
Нејзината баба Карас таа година ја прашала што сака за роденден. Серенити само одговорила -“ Да ги хранам бездомните и гладните луѓе”.
Најнови коментари