Општо

Фиона Колбингер – првата жена што победи на Трансконтиненталната трка

Германката Фиона Колбингер (24) од Дрезден, која е истражувачка во полето на канцерот во Истражувачкиот центар во Хеилдеберг, стана првата жена која победи во една од најтешките трки со велосипеди во светот- трката Трансконтинентал, која е долга 4000 километри и која започнува од Бургас, Бугарија и завршува во Брест, Франција.

Натпреварувачките ја возат патеката која сами ја избираат, а земјите низ кои се поминува се: Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Франција, Италија, Косово, Србија, Словенија и Швајцарија. Сепак има точки каде што тие мора да поминат.  Тие мораат да го искачат Тимелшјопас во Северен Тирол (2,474 метри) на границата помеѓу Италија и Австрија и Кол ду Галибиер (2,645 метри)- едно од највисоките места на Француските Алпи.

Фиона била изненадена  од својот успех на Трансконтинентал. “Кога се припремав за трката, мислев дека можеби ќе стигнам до некаде, но никогаш не мислев дека ќе извозам до крај. Можев да постигнам многу повеќе. Можев да спијам помалку ”- изјави таа.

Временските услови варираат екстремно на оваа трка, од 37C  до 4C степени. Тркачките се соочуваат со пеколни температури, замрзнат дожд и бури и секавици.

Фиона Колбинерг на нејзината пауза ја изведува ‘The Lion Sleeps Tonight’ во лобито на хотел Италија

Кога трката ќе започне, тркачките сами одлучуваат каде и дали ќе направат пауза. Тие можат да користат само она што ќе понесат со себе или што ќе најдат како продукти за продавање на нивните паузи. Нив не им е дозволено да примаат помош од пријатели или странци на нивниот пат ниту пак да прашуваат за правци.