Во основното училиште Barack H. Obama Magnet, во Јексон , Мисисипи, група од околу 20 татковци се собрале да им посакаат добредојде на учениците во новата учебна година.
Групата која се нарекува WATCH D.O.G.S. – Dads of Great Students, го прават ова за да им покажат внимание на учениците и да им поттикнат позитивни впечатоци за овој нивни значаен ден.
Претседателот на Асоцијацијата на родители-наставници Рашад Вијиламс, вели дека инспирацијата за овој настан е “ децата да знаат дека нивните татковци веруваат во нив и дека ја имаат нивната поддршка. Покажано е дека ова има огромен импакт врз децата и нивната самодоверба.” – додава тој.
Татковците направиле тунел со своите раце и децата поминувале низ него. Реакциите на учениците биле прекрасни. Од насмевки до прегратки и викање од радост, децата поминувале и неколку пати низ тунелот.
WATCH D.O.G.S. е национална програма која цели да ја поддржи безбедноста во училиштата и да го намали булингот. Огранизацијата е горда на своето прикажување на модели на позитивни машки улоги и примери.
Најнови коментари