Општо

103 – годишната Јулија Хокинс позната како Јулија Ураганот, победник на трките во Америка

103 – годишната Јулија Хокинс, која започнала да трча на свои 100 години е победничка на трката во Албекрки, Ново Мексико. Таа ги освои златните медали за трчaње на 50 и 100 метри во натпреварот за жени со над 100 години на трките за стари лица 2019.

 Националната Асоцијација за Игри за Возрасни, која е невладина организација, изјави дека Хокинс, која популарно ја нарекуваат Ураганот Хокинс, е сега најстарата тркачка во Америка.

“Незнам дали овој успех е поради тоа што сум постара или поради прекрасната атмосфера”- вели таа.

Минатата година Јулија – која има 3 внуци и 3 правнуци, постави светски рекорд на трката од 100 метри во својата категорија.

Во интервју Јулија изјави дека клучот на нејзиниот успех е што сфатила дека може да трча и покрај нејзините години. “Јас цело време сум зафатена. Цело време се движам. Не правам конкретно некои вежби . Порано правев, но сега немам потреба.” Таа откри и дека ги чува своите медали во кутија која нејзиниот сопруг ја направил за неа.

На прашањето дали ќе се пријавува на наредни трки, Хокинс одговорила- “Никогаш не се знае.”