Многу малку е познато дека школата Баухаус во Германија била срамотена затоа што била прва образовна установа која дозволувала редовно образование за девојки и жени. Но и покрај тоа, тие немале ист третман како мажите- смееле да посетуваат само одредени часови.
Училиштето се отворило во 1919 година и е важен момент за историјата, заради безбројните дискусии и изучувања на архитектурата и дизајнот кои траат и до денес.
Оваа школа, која подоцна се претворила во движење, се соочувала со голем политички отпор во текот на целото нејзино постоење. На крајот, во 1933 година за време на Нацизмот, била затворена.
И покрај тоа, знаењето што било донесено за архитектурата дало огромен печат низ градовите ширум светот.
После 100 години, многумина се трудат да ја раскажат приказната што се случувала помеѓу овие ѕидови, кои ги створил визионерот Валтер Групиус. Се чинело дека заради времето кое поминало, приказната за жените во Баухаус и нивната нееднаквост била заборавена. Но нивните имиња и тоа што го постигнале сепак ќе остане забележано засекогаш. Приказната за Ани Алберс, Гунта Столзл, Маријана Брандт, Маргарете Химан, Гертруд Арндт, Бенити Кох-Оте, Лоу Шепер-Беркенкарп и дизајнерката Алми Зидхолф-Бушер го инспирирала режисерот Грегор Шнитзлер да го сними филмот “Баухаус” (Lotte am Bauhaus). Филмот настанал со помош на сегашната директорка на архивата на Баунхаус, Анамарија Јаег, која вели: „Филмот дава претстава за креативноста, љубопитноста и страста со која овие жени го оживеале центарот на експериментирањето познато како Баухаус.”
Драмата е фокусирана на кариерата на Алми Зидхолф-Бушер, која и покрај вољата на своите родители, се запишува на школата и станува дел од генерацијата на жени кои дале придонес во архитектурата и дизајнот.
Најнови коментари