Општо

Славка Динкова- првата Македонска феминистка

Славка Динкова, 1848-1868 е добро позната како првата Македонска феминистка. Таа била родена во Солун, како ќерка на Велика и Константин (Дризловци) и од најмлада возраст покажала голем интерес и љубов кон познавањето на нејзиниот мајчин јазик. Под водство на нејзиниот пријател и ментор Димитар Миладинов и помош од нејзиниот брат Ѓорѓи – Динката, таа го отворила првото Македонско Женско училиште во Солун во 1866 година. Седиштето на училиштето било во нивниот семеен дом и за брзо време стекнало голема популарност. По извесно време ги отворило вратите и за машките ученици.

Во 1867 година, Славка Динкова била назначена за дописник на весникот “Македонија”, којшто се печател во Истанбул и редовно пишувала колумни на темата јакнење на жените, за кое сметала дека е од голема важност за развивање на културата во Македонија во тоа време. Динкова исто така го говорела и пишувала течно францускиот јазик и преведувала вести и текстови, кои ги користела за едукативни цели во училиштето. Таа починала на 20 годишна возраст и нејзиното училиште било затворено.

Поминаа 150 години од сонот на Славка Динкова за јакнење на младите жени преку образование во Македонија , но сеуште има многу што да се стори на ова поле. Жените и младите девојки треба да ги имаат сите можни образовни ресурси со цел да ги зајакнат своите капацитети, што пак ќе придонесе до нивна поголема приклученост во општеството и поголем успех на истото.  Со голема гордост, ние мораме да гледаме во иднината и да ја продолжиме нејзината мисија и денес, бидејќи образованието е најсилната алатка за еманципација.

Извори:

Slavka K. Dinkova, On the Investigation of the Devotionals, “Macedonia”, II, 14, 2.III.1868
Блаже Ристовски, Славка Динкова, „Просветно дело”, ⅩⅣ, 1–2, Скопје, 1958, 62–69; истиот во „Разгледи”, В, 10, Скопје, 1. Ⅵ 1958, 9; истиот, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, И, Скопје, 108–121.