Општо

KPMG со 50% жени во извршниот одбор

KPMG – глобалната мрежа на независни компании кои нудат даночни услуги во Велика Британијa стана првата од четирите големи компании која постигна родова еднаквост во нејзиниот извршен одбор, со изборот на уште две жени овој месец.

Тие се Мелиса Геигер – шефица на одделот за интернационални даноци и даночна политика и Линда Меин – шефица  на KPMG . Геигер и Меин официјално ги превземаат овие позиции на 1ви Октомври 2019 година.

Претседавачот  Бил Мајкл после изборите изјави: “Почестен сум дека Мелиса и Линда стануваат дел од одборот во ова важно време за нашата професија и за нашата компанија. И двете имаат зад себе огромно искуство и познавање во овој сектор и сум сигурен дека ќе ги претставуваат интересите на ова партнерство на највисоко ниво. Исто така почестен сум дека резултатите од овие избори создадоа родова еднаквост во рамките на одборот”.

Мелиса Геигер

Геигер има искуство во полето на финансии, корпорации и национални пазари. Во последните години таа работела во Standard Chartered Bank и  GlaxoSmithKlin како претседателка на одделот за даноци.

Линда Меин

Меин е овластена сметководителка во ICAEW и има над 30 годишно искуство во KPMG. Таа е член на Финансискиот советнички панел и е во надзорниот панел на “Future 50”, програма за поддршка на технолошки компании поддржана од владата.

EY е наредната компанија која е блиску до постигнување на родова еднаквост  со нејзиниот извршен одбор во Велика Британија и Ирска, со седум мажи и шест жени, додека пак одборот на PwC’s се состои од девет мажи и пет жени