Општо

Сара Томас – победничка на рак на дојка- постави рекорд

Сара Томас, 37, од Колорадо, САД, го исплива Англискиот Канал долг 209 километри, во води со силни струи 2 пати напред и назад без престан за 54 часа.

За BBC Томас изјави дека не и се верува што постигнала. “Имаше многу луѓе кои ме пречекаа на плажата да ми посакаат добро и тоа е многу убаво, но јас се чувствував многу зачудена”.

Пливачот Луис Пуг објави на својот Твитер профил дека “Само што сме помислиле дека ги постигнавме границите на човештвото, некој се појавува и го руши рекордот”.

Мајката на Томас- Беки Бекстер кажа дека е заедно со својата ќерка на многу од нејзините пливања, но дека ова и било најстрашното.Таа изјави дека Сара е “Чудо на природата”. Пливачката имала болки во стомакот додека пливала но издржала се.

Искусната пливачка Томас најпрво го испливала Англискиот Канал во 2012 година и уште еднаш во 2016 година, но ова не и било доволно. Во август 2017 таа го исплива езерото Чамплеин кое се наоѓа на Американско- Канадската граница, по што и билo дијагностициран рак на дојка. После хемотерапиите, нејзиниот тим кажа дека Сара го искористи пливањето како нејзина борба за справување со болеста. Таа го заврши лекувањето во 2018 година и го посвети овој рекорд на сите што ја победиле битката со оваа болест.