Општо

Најдобрите 10 земји во светот каде што жените можат да живеат најубаво

Жените денес секојдневно се носат со големи предизвици, почнувајќи од родова еднаквост, високите стандарди за убавина, права на жените, еднакви плати и нивна безбедност. Нивните прекршени права, во поразвиените земји се од помодерен карактер, додека во понеразвените земји жените се борат за право на образование, против малолетнички бракови, немање право на абортус и многу други.


Листата на најдобрите  земји во светот според US News & World Report и нивното истражување кое е спроведено во 80 поразвиени земји, со 9000 испитанички, (кои пополнувале прашалници со компилација од 5 одредени теми и тоа грижа за човекови права, родова еднаквост, еднакви плати, напредок и безбедност) воглавно докажа дека Скандинавските земји убедливо водат во ова.

Шведска е рангирана на првото место, со коефициент на родова еднаквост на 9.6/10 и еднаквост на плата со импресивни 9.9/10. После Шведска, Данска е следната земја на листата, која патем беше прва во 2018 година. Данска можеби  не е прва сега , но сеуште држи висок ранг во однос на родовата еднаквост со 9.1/10 и еднаквост во платите 10/10. Канада е рангирана на трето место во однос на убав живот на жените- рангирајќи се за три места погоре од 2018, со родова еднаквост од 9.8 и безбедост на жените од дури 9.8. На четврто место е Норвешка која што несомнено има долга традиција на вложување на труд во родовата еднаквост и правата на жените и има највисоки резултати од 9.9 во двата сегменти. По нив следуваат Холандија, Финска, Швајцарија, Австралија, Нов Зеланд и Германија. Македонија не беше дел од ова истражување.

Жителите на северните европски земји често се рангираат и како најсреќни во светот, заради нивната социјална инклузија и бесплатни јавни услуги. Скандинавските земји се на прво место и во прогресивност и развој на општеството- што има голема смисла, бидејќи кај нив и образованието и здравството е бесплатно.