Нацизмот како движење однел многу жртви во Втората Светска војна, меѓу кои и многу жени и млади девојчиња. Нивната судбина била многу тешка а за тоа имаме сведоштво од храбрата хероина- германското девојче најпознато како Ана Франк.
Анелис Мари или попозната како Ана Франк (1929 – 1945) била девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт, која што стекнала светска слава благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората Светска Војна.
Ана со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во 1942 со семејството се криеле во собите од неговата работна зграда. По две години Ана била пронајдена и испратена во концентрационите логори. Седум месеци по нејзиното апсење, таа починала од тифус во концентрациониот логор Берген-Белзен во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени (1947). Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.
Дневникот кој што и бил даден на 13тиот роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па се до 1 август 1944 година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал многу популарен меѓу читателите. Стилот на кој што е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови.
Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот и служи за пример на тоа колку е силна вољата за живот и љубов на една млада девојка која е свесна дека се соочува со смрт.
Најнови коментари