Оваа година само една награда отиде во рацете на жена и тоа ја прави оваа година обична година како и досега. Првите наградите беа доделени во 1901 година и само три жени досега ја имаат освоено наградата за физика, пет имаат земено награда за хемија и 12 жени имаат земено награда за медицина или физиологија. Наградата за економијата беше на потег: Таа започна да се доделува во 1969 година. Нејзините лауреатки се две жени: Елинор Остром, која победи во 2009 година и Естер Дафло, оваа година.
Сè на сè, жените однеле дома само 22 Нобелови награди- околу 3% од вкупниот број на доделени. Половина од наградите што им беа доделени на жените односно 11, беа доделени од 2000 година па наваму. (Мажите освоија многу повеќе во истиот период: 185.)
Лиселот Лауфред, физичар на Универзитетот во Копенхаген, се запраша за факторите што можат да влијаат врз родовата застапеност во Нобеловите награди. Дали жените едноставно беа недоволно застапени во полето на истражување во текот на годините? За да дознаат, Лауфред и двајцата колеги ги разгледале податоците и заклучиле дека жените и нивниот труд во науката не се доволно застапени во изборот на Нобеловци/ки.
Лауфред неодамна разговараше и со ScienceInsider околу оваа проблематика:
Л: Кралската Шведска Академија на науките соопшти дека го зголемила бројот на жени-кандидатки за награди. Сепак, резултатите не изгледаат охрабрувачки. Во 2018 година, две жени освоија награди: Френсис Арнолд во областа хемија и Дона Стрикленд во областа на физиката. Оваа година имаше само една женска победничка. Може ли вашата студија да каже дали овие бројки се знаци на напредок во однос на родовата еднаквост?
ScienceInsider: “Не можеме да кажеме ништо за трендовите засновани од истражување од само една година. Ние развивме симулација, односно најпрецизна анализа која вели дека после 20 години од денот кога ќе ги направите своите истражувања стигнувате до денот кога потенцијално би ја добиле Нобеловата награда. Со ова, откривме дека постои 96% веројатност на фаворизирање на мажите. Секоја година шансите дека победници ќе бидат сите мажи се над 80% и тоа во областите хемија, економија и физика , а во медицината се околу 60%. Во последните 20 години, имало ист број на жени Нобеловки- лауреатки како во првите 100 години. Значи дека одиме во вистинска насока, но не доволно брзо. Овде би додале дека за жал, немаме пристап до базата на податоци за номинираните мажи и жени, како би можеле да направиме потемелна анализа”.
Според оваа студија и секако земајќи ги во предвид фактите од резултатите од Нобеловите награди, жените се дискриминирани. Има многу жени научнички кои постигнале огромни резултати, но за жал оваа институција не ги признала. Оставено е на нас жените на крај сами да се избориме за свое место во оваа академија.
Најнови коментари