Општо

Намира Салим – дипломатка, идна астронаутка, поларна истражувачка и уметничка.

Намира Салим  е пример за силна жена лидерка. Таа е дипломатка, идна астронаутка,  поларна истражувачка и уметничка.

Намира е истакната Пакистанка која живее во Монако од 1997 година. Таа е позната како првата жена од  Јужна Азија која отиде во вселената со Галактиката на Сер Ричард Бренсон – првата приватна вселенска линија на светот. Taa e и првата жена од Монако  која стигна на Северениот Пол во април 2007 година и на Јужниот пол во Јануари 2008 година и на двете места таа постави универзално знаме за мир.

Пионерските поларни експедиции на Намира Салим добија огромна  заинтересираност низ медиумите и ја направија постојан извор на инспирација за жените да одат силно напред во сите сфери на животот. Врз основа на овие достигнувања во областа на спортот, Намира доби признание – Почестен Медал од страна на Претседателот на Пакистан во 2011 година.

Намира има завршено магистерски студии за Надворешни работи на Универзитетот Колумбија. Нејзините дипломатски напори водат кон историска акредитација помеѓу Пакистан и Монако сѐ од 2009 година па наваму. Таа служеше како прва почесена конзулка на Пакистан во  Монако. Во 1993 година, после нејзиното дипломирање, Намира стана претседателка на АИЕСЕК во Пакистан, најголемата студентска невладина организација во светот, која промовира мир и меѓународна соработка преку корпоративни и културни програми за размена. AIESEC е француски акроним за Меѓународната асоцијација на студенти во економија и управување со бизнисот кој има консултативен статус со Обединетите нации. Намира покрај ова е и обучена пилотка и овластена нуркачка.

Оваа жена хероина е пример за тоа колку сите можеме да постигнеме ако го работиме она што го сакаме без разлика од каде доаѓаме. Таа е активна во безброј полиња и со тоа таа е пример за успешна жена.