Во последните години, за среќа, се повеќе имаме примери на приватни или државни инвестициски фондови кои поддржуваат млади луѓе да ги покажат своите способности и да им помогнат во остварување на нивните идеи. Пример за успех е Кара Фан која ја однесе победата на натпреварот во Калифонија со својот изум.
14-годишната Кара Фан беше прогласена за победничка на 2019 3M Young Scientist Challenge, годишен натпревар за иновации, организиран во партнерство со Discovery Education. Главната награда за победничката беше 25 000 американски долари и патување на некоја интересна дестинација низ светот. Кара, која е деветто одделение и живее во Сан Диего, Калифорнија, се здоби со титулата „Најголем млад научник на Америка“ за нејзиниот изум – течен завој за прва помош со употреба на нано-сребрена технологија. Овој завој го намалува ризикот од инфекции предизвикани од прекумерна употреба на антибиотици .
Кара го креираше својот нано-сребрен завој со течност за да ја замени употребата на вообичаени анти-антибиотици и третмани за прва помош. Со тоа, таа се надева дека ќе го намали бројот на реакции кои се јавуваат како последица на примањето на антибиотици.
Кара се натпреваруваше во живо против девет други финалисти, каде сите беа оценувани од страна на научници и лидери од 3М научната лабораторија за млади. Како дел од целокупната програма, финалистите имале можност да работат еден на еден со научници од оваа лабораторија и да ги претворат своите идеи од концепт во физички прототип како дел од програмата за менторство. Кара работела со Сара Фриско, инжињерка за развој на производи во одделот за комерцијални решенија.
Кара Фан е пример како може едно мало девојче да продонесе толку многу, докажувајќи му на светот дека помладите генерации носат во себе креативност и дека треба што повеќе да се инвестира во нив. Девојчиња на оваа возраст имаат знаење и 3М лабораторијата овозможува истите да го остварат нивниот сон и да помогнат на општеството.
Најнови коментари