Општо

Емилија Лиза Стерјова-најмладата градоначалничка во Автралијанскиот совет

Жените во политиката се родово дискриминирани со векови наназад. Но денес имаме многу повеќе спротивни примери и ова е еден од нив. Пример како може една млада девојка да успее да стигне до работна позиција за градоначалничка.

Студентката со македонско потекло  Емилија Лиза Стерјова стана најмладата градоначалничка избрана во Австралиски совет досега. Таа беше избрана за градоначалничка на oпштина Вителси во Мелбурн, Викторија за 2020 година. Изборите беа одржани предходната недела во четвртокот вечерта, во пресрет на нејзиниот 23 роденден. Пред тоа, во периодот од ноември 2017 до ноември 2018 година таа  беше заменичка на градоначалникот на општина Вителси која брои околу 200.000 жители.

Емилија Стерјова се залага за подобрување на транспортната и патната инфраструктура во општината, како и за подобрување на услугите за младите и обезбедување на поголема поддршка на групите и нивните клубови на локалните заедници.

Емилија Стерјова е членка на Советот на Фестивалот за народна музика во Вителси, членка е на Комитетот на Средното училиште за капелани во Вителси и членка на Групата за младинско управување на Вителси.

Емилија Стерјова во моментов е пред дипломирање на студии за право и меѓународни односи на Универзитетот Ла Тробе во Мелбурн.

.Најавувајќи го својот избор, Стерјова рече дека се надева дека ќе инспирира и други  жени. „Се надевам дека жените сфаќаат дека нивниот пол е предност. Дека не сме во неповолна положба .Сакам да инспирирам, да предизвикувам и да создадам позитивна промена“, рече таа во изјавата во петокот.

Заменик канцеларот на Ла Тробе, професорот Џон Девар, изјави дека Стерјова е една од  најсилните студенти на универзитетот, која има огромна желба за учење и која придонела многу во заедницата преку волонтирање. „Ова е извонредно достигнување“, рече тој.

Алана Десиато (26) исто така беше избрана за заменичка-градоначалничка на советот, што значи дека две жени на возраст од 20-ти години ќе го водат градот за прв пат.

Ова е одличен пример како, иако си жена,  можеш да го постигнеш тоа што доволно го сакаш.