Општо

Channel 4 се грижи за жените во менопауза

Менопаузата како појава кај жените знае да биде тешко поднослива, носи многу симптоми со себе и е само уште една битка со која жените мораат да се справат.

Channel 4 ја започнува својата политика за менопауза во обид да ja нормализира оваа табу тема. Политиката ќе ги поддржува вработените кои доживуваат симптоми на менопауза, како што се: напливи на топлина, вознемиреност и замор, овозможувајќи  им на жените пристап до флексибилни работни аранжмани и платено отсуство, доколку се чувствуваат лошо поради несаканите ефекти во  овој период од животот на жената.

Стратегијата, за која оваа телевизија вели дека е прва меѓу медиумските компании во Велика Британија, исто така, ќе им понуди на персоналот приватен и тивок работен простор за да се обезбеди пријатна околина која нема да ги влошува нивните симптоми и ќе обезбеди низа ресурси за поддршка.

Channel 4 се надева дека ќе стави крај на стигмата околу менопаузата преку едуцирање  на менаџерите и одделот за човечки ресурси,  како тие подобро би ја разбрале  оваа фаза низ која поминуваат жените. Како дел од политиката, Канал 4,  ќе прави брифизи за подигнување на свеста за менопауза кај своите раководни тимови.

Внатрешната мрежа на кадри за родова еднаквост на телевизјата, 4women, е одговорна за оваа политика и ќе продолжи да нуди поддршка заедно со тимот за менталното здравје 4Mind.

Алекс Махон, главна и извршна директорка на Channel 4, изјави: „Ние сакаме да го нормализираме  ова табу  со тоа што ќе го направиме повидливо и се надеваме дека прекрасната работа на 4women ќе инспирира и други компании во индустријата да ги поддржат жените на нивните работни места во периодот на транзиција низ кој поминуваат тие во периодот на менопауза.

4women изјавиja: „Сакавме да го отвориме дијалогот во нашата телевизија и со тоа да ја поттикнеме медиумската индустрија да започне да зборува повеќе за тоа како можат подобро да ги поддржат жените што минуваат низ менопауза“.

Според истражувањето, оваа година од компанијата за човечки ресурси Чартдер Институт за развој, 59% од жените на работното место кои имаат симптоми на менопауза, велат дека тоа има негативно влијание врз нивната работа.

Ова е огромен подвиг на Channel 4 , кој ја зема женската биолошка природа во предвид и им овозможува на жените полесно да го помнат овој период.