Општо

Триша Рао-12 годишна хероина што инспирира

Многу млади талентирани деца, сѐ повеќе се залагаат да помогнат каде што можат, користејќи ги своите капацитети и квалитети, но и несомнено својата хуманост и добрина, за да пренесат силни пораки онаму каде што се потребни најповеќе. Едно од тие деца е  и 12 годишната Триша Рао од Сан Диего, Калифорнија.

Триша Рао започнала да слика уште од 2-годишна возраст и отсекогаш сакала да се изрази преку уметност и поезија. Сега има 12 години, има создадено над 300 акрилни слики и е горда авторка на наградуваната книга „Верувај во себе“. Триша им ги понуди  своите неверојатни таленти на WYSK,  да наслика жена која секој треба да ја знае, личност која ја смета за една од своите хероини.

Работејќи акрил на платно, Триша избра да ја наслика НАСА математичарката  Кетрин Џонсон  ,поради длабокото воодушевување што го има за оваа жена која е и носителка на Националниот Медал за Слобода ( организација која минатиот август наполни 100 години). „Таа се соочи со сите предизвици заради тоа што беше Афро- Американка. Таа имаше храброст и упорност да продолжи да оди напред и покрај тоа што беше одбивана од општеството“- вели Триша за оваа жена.

Книгата „Верувајте во себе“ пак,  започнала како песна што Триша ја напиша во летото 2015 година на 8-годишна возраст. Поезијата отсекогаш била нејзин избор, за да ја смири нејзината вознемиреност што ѝ се создавала во училиштето и да ја засили нејзината самодоверба. Откако се запознала со ужасната сириска бегалска криза пак , Триша решила да ги рашири своите зборови на утеха и да ги охрабри децата насекаде да веруваат во себе.

Работејќи со родителите и пријателите, нејзината прва поема беше претворена во книга што ги инспирира децата насекаде после нејзиното објавување во 2016 година. Во текот на последните три години, Триша и нејзиното семејство се во мисија да  „Верувајте во себе“, стигне до што е можно повеќе деца.

Децата денес се пример како треба и возрасните, посебно оние кои ја имаат таа моќ, да ги променат нештата на подобро, да влијаат и да се залагаат за еднакви права на жените и девојчињата.