Општо

Девојка од Индија запалена на пат кон судењето за нејзино силување

Скоро стотина силувања се пријавуваат во Индија секој ден според последната регистрирана статистика за криминал. Во градови и села, жени, деца, а понекогаш и мажи се подложени на брутални напади. Повеќето од случаите не се пријавуваат и ги нема во медиумите.

23-годишна жртва на силување се бори за нејзиниот живот откако била запалена додека се движела кон возот за да присуствува на суд во Северна Индија.

Ената била на пат на расправа за случајот што го поднела против двајца мажи во март, во државата Утар Прадеш. Таа моментално е во критична состојба во болница, каде се лекува од тешки изгореници.

Пет мажи, меѓу кои и двајцата нејзини  осомничени силувачи, се уапсени под сомнение дека ја запалиле, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во областа Унао, која неодамна беше во вестите за друг случај на силување. Имено, 27-годишна жена во јужниот град Хајдерабад била силувана и запалена на 27 ноември. Протести се одржуваа низ целата земја, откако беа пронајдени миризливи остатоци од жртвата по нејзиното исчезнување.

Последниот инцидент кој се случи на 5ти декември предизвика големи реакции во Индија, која сè уште се опоравува од шокантно убиство и случај на силување што ги зграпчи насловите пред само нешто помалку од една недела.

Во последниве денови, службени лица повикаа жените да се враќаат дома навечер порано или да избегнуваат употреба на превоз во одредени периоди.

Според најновите бројки на владата за криминал, полицијата регистрирала 33.658 случаи на силување во Индија во 2017 година – тоа е во просек по 92 силувања секој ден.

 

 Во земја во која има огромна стигма околу излегувањето и пријавување случаи на сексуално насилство, има ли доволно заштитни мерки? Дали властите прават доволно за да ги казнат сторителите? Останува да следиме, за жал, вакви потресни приказни каде жените се жртви на сексуално насилство па и жртви на убиства кога ќе се обидат да пријават и ги побараат своите права.