Го знаете тоа клише: 1 јануари доаѓа и сте подготвени за „Нова Година, нова јас“ и вашите новогодишни резолуции.
Кога станува збор за резолуции за спектакуларна 2020-та, наместо да размислувате за работи што ви требаат или мислите дека треба да се промените во обид да се направите „подобри“, фокусирајте се на решението да направите повеќе работи што ве прават да се чувствувате добро.
1.Дознајте повеќе за интуитивно јадење.
Заборавете на броењето на калории и диетите во исхраната. Оваа година, ветете си дека ќе стапите во контакт повеќе со тоа што навистина сака вашето тело и како се чувствува во моментот. Интуитивно јадење, кое се нарекува противотров на диета и траума од диети, се состои во тоа да ги слушате индициите на вашето тело.
2.Намалете го конзумирањето на кафе
“Не доаѓај кај мене – или барем, сè додека не го испијам првото кафе”. Премногу кафе може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања и, генерално, да ги прикрие сигналите на вашето тело за тоа кога треба да се одморите, а не да останете доцна, гледајќи уште една епизода од вашата серија. Обидете се да се ограничите на 400 милиграми кофеин што треба да биде само за да ве разбуди и мотивира наутро.
3.Исчистете ги социјалните медиуми.
Дали некогаш откако ќе погледнете во вашиот профил на Instagram завршувате да се чувствувате полошо за себе – (не само затоа што потрошивте премногу време да скролате) Потребни се само две секунди за да се промени тоа. Следете ги постовите со поддршка и мотивациони пораки. Или избришете ги социјалните медиуми целосно. Нема причина зошто да одржувате апликација што ве тера да се чувствувате полошо во однос на себе си на вашиот телефон.
4. Пронајдете ја рамнотежата работа / живот што функционира за вас.
Иронично е што се обидуваме да најдеме здравје во нашиот живот а се преработуваме. Наместо тоа, препорачливо е да сфатите кои практики на балансиран живот се вклопуваат во вашата рутина во реалниот живот и распоредот. На пример ако не ви одговара јогата или не можете да влезете во медитација, немојте да се присилувате. Пробајте аеробик или пилатес. Што и да ви донесе радост на ниво на физичка активност, дадете си време да го направите тоа.
5. Поминете пет минути секој ден за чистење и расчистување.
Многу работи во вашиот стан се многу почисти отколку што мислите. Потребно е да имате само пет минути секој ден за да го избришете предниот дел од вашиот сад за кафе, или да ја менувате вашата постелнина еднаш неделно.
6. Направете ја 2020 година година на задоволства
Без разлика дали ќе се содржи во попладневно дремнување или ќе имате еден десерт на ден, во ред е да направите повеќе работи што прават да се чувствувате добро – без подоцна да се чувствувате лошо заради тоа. Задоволството е добра работа. Ние жените, како да научивме да го губиме задоволството. Како да сме си кажале:„Може да имам задоволство, но не премногу.“ Направете или исполнете некоја обврска и овозможете си нешто за ваше уживање – заработете го задоволството.
7. Одморете еднаш годишно.
Дури и ако тоа е само краток викенд во блискиот мал град што никогаш не сте го посетиле, одморот може да ви помогне да се вратите на работните обрски ресетирани и фокусирани. Започнете да размислувате за тоа како заслужена пауза, за да можете да бидете спремни за трчањето во понеделник наутро.
8. Прочитајте најмалку една книга месечно.
Ништо не е подобро од чувството да ги оставите екраните и да отворите добар старомоден роман. Нешто што ќе ве релаксира. Или нешто што ќе ви го забрза срцето. Или можеби нешто што е полно со зборови на мудрост. Во таа тишина помеѓу вас и книгата се наоѓаат најголемите тајни на мирот.
9.. Направете еден “здрав” датум со пријател или член на семејство еднаш неделно.
Обидувајќи се да постигнете голема цел самостојно може да биде тешко, но добивањето поддршка од пријатели може да го направи да го чувствувате поостварливо и да ве одржува мотивирани, „Кажете му на вашето семејство и пријатели за вашите ‘здрави’ цели”, „Поканете ги да дојдат на прошетка, трка или возење на велосипед со вас“.Размислете да направите планови за вечера во здрав ресторан каде што гостите (и вие!) ќе можете да пробате хранливи јадења и да добиете идеи за нови рецепти што може да ги направите дома. Ако направите здрав избор за дел од вашиот социјален живот, ќе биде полесно да ги усвоите како постојан животен стил.
10. И најважно: Инвестирајте во вашето здравје.
Да се зачлените во теретана, да посетите терапевт и да купувате здрава храна чинат пари, да, но не може да тврдите дека сите тие се залудно потрошени пари. Фокусирајќи ги финансиите на вашето здравје денес, резултира на долгорочно штедење пари со избегнување на високите трошоци што честопати се поврзани со хронични здравствени проблеми. Плус, кога се грижите за себе, многу е полесно да се грижите за вашето семејство и пријателите околу вас.
Најнови коментари