Општо

Од касата до најмладиот премиер во светот. Новата лидерка на Финска го руши калапот.

Скромната позадина на Марин не се совпаѓа со сликата на просечен светски лидер. Нејзините родители се развеле кога таа била мало дете заради проблемот со алкохолот на нејзиниот татко- напишала Марин на нејзиниот блог во 2016 година. После тоа тие живееле во изнајмен стан и покрај тоа што немале многу пари, Марин напишала дека имале „изобилство“ на љубов.

На 15 години, првата летна работа на Марин била во пекара, а во средно училиште таа дистрибуирала списанија за да заработи дополнителни пари. По дипломирањето, работела како касиерка – улога со која Министерот за внатрешни работи на Естонија оваа недела се исмејува, нарекувајќи ја „девојка продавачка“ и ја доведува во прашање нејзината способност да ја води земјата. Естонија подоцна ѝ се извини на Финска за коментарите, дадени од страна на екстремно десничарскиот лидер на партијата- Март Хелм.

Марин ги искористи коментарите за своја политичка предност, твитувајќи: „Јас сум исклучително горда на Финска. Тука дете на сиромашно семејство може да се едуцира и да ги постигне своите цели во животот. Касиерката може да стане дури и Премиер“.

Марин е првиот член на нејзиното семејство што завршила факултет. Таа влегла во политиката на свои 20 години  и брзо се искачила во редовите на централно-левичарската Социјалдемократска партија. На 27 години таа била избрана за претседателка на Градскиот совет на Тампере, а три години подоцна станала пратеник.

Марин дава впечаток на многу принципиелна личност, не избегнува тешки прашања и многу добро се снаоѓа во политичките дебати на телевизија, кои се многу голем дел од финската култура.

Марин може да служи како пример за силна жена која успеала да стигне до врвот и покрај нејзината тешка борба за опстанок во нејзината младост.