Вести

Марш за женски права – 8ми март

По повод Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, четврта година по ред организираат „Марш за правата на жените“.  Поттикнати од случајот „Јавна Соба“ овогодинешниот Марш за женски права, гласно и недвосмислено го посветуваме на жртвите на родово базирано насилство и маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“
Кога: 8 март 2020 (недела), 12.00 – 13.00 часот
Каде: Плоштад Филип Втори
Маршот почнува во 12.00 часот од Плоштад Филип Втори
Собирањето почнува во 11.50 часот на Плоштадот Филип Втори
Изјава за медиуми: 11.50 часот, Плоштад Филип Втори, пред споменикот Олимпија, Изјави од
организаторите на маршот
Информации за маршот: Маршот за правата на жените се одвива според однапред определена
рута, тргнувајќи од плоштадот Филип Втори, преку Камениот Мост, Плоштад Македонија, а ќе
заврши во Паркот Жена Борец.
Организатори: Платформа за родова еднаквост
Контакт: rodovaplatforma@gmail.com, 02/3245 536
Распоред на настанот: 8 март 2020 година (недела), 12.00 – 13.00 часот
11.50 часот – Пристигнување на учесниците
12.00 часот – Официјално обраќање на организаторите на маршот – Проглас за женски права
12.15 часот – Тргнување на групата по назначената рута
12.45 часот – Пристигнување на крајната дестинација и завршен перформанс
Рута: https://goo.gl/maps/2g91rPutVQPyTXwJ9

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 22 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија.