Општо

Што имаат заедничко земјите кои се справија со Ковид 19? Жени – лидерки !

Од целиот свет, сите држави кои имаа пофален одговор за справувањето со Ковид-19, имаа заедничко нешто – жени лидерки.

Барате примери за вистинско лидерство во криза? Од Исланд до Тајван и од Германија до Нов Зеланд, жените се на чекор за да му покажат на светот како да управува со нашето човештво. Додадете ги Финска, Исланд и Данска и оваа пандемија открива дека жените го имаат она што е потребно кога нештата ќе тргнат во погрешен правец.

Ангела Меркел, канцеларката на Германија, изреагира веднаш и мирно им рече на своите сограѓани дека ова е сериозен вирус што ќе зарази до 70% од населението. „Тоа е сериозно“, рече таа, „Сфатете ја сериозно“. Сите послушаа.

Првиот и најбрзиот одговор беше од Цаи Инг-Ван во Тајван. Во јануари, на првиот знак од новото заболување, таа воведе 124 мерки за блокирање на ширењето на вирусот. Таа сега испраќа 10 милиони маски за лице во САД и Европа.

Јасинда Ардерн од Нов Зеланд, ја затвори територијата, наметна самоизолација на луѓето кои влегоа во Нов Зеланд зачудувачки рано, кога имаше само 6 случаи во целата земја и веднаш им забрани влез на странците.

Исланд, под водство на премиерката Катран Јакобсдтир, им понуди бесплатни тестирања на коронавирус на сите свои граѓани Повеќето земји имаат ограничено тестирање кај лица со активни симптоми. Исланд отиде до крај. Во однос на нејзиното население, земјата веќе извршила проверка за пет пати повеќе луѓе колку што има во Јужна Кореја и воспоставила темелен систем за следење што значеше дека не мораа да ги затвораат училиштата.

Сана Марин стана најмладата премиерка во светот кога беше избрана минатиот декември во Финска.Потребна беше millennial лидер да биде на чело со помош на инфлуенсерките/те на социјалните медиуми како клучни ликови во борбата против кризата со коронавирус. Признавајќи дека не секој го чита печатот, тие ги покани инфлуенсерките/те од која било возраст, да шират информации засновани врз основа на факти за справување со пандемијата.

Постојат истражувања кои веќе неколку години укажуваат на тоа дека женскиот начин на лидерство може да биде различен и корисен. Време е да го признаеме тоа – и да избереме повеќе жени лидерки.