Медицинските работници/чки се на првата линија на фронтот во борбата со COVID-19 веќе неколку месеци насекаде во светот.
Со својот креативен ум, за благодарност до нив, 13-годишната уметничка, поетка и авторка Триша Рао, испраќа едно од своите најнови уметнички дела во болници во нејзината локална област. Сега ја стави на располагање нејзината благодарност исполнета со охрабрување, “Херојско признание” за секој да може да ги сподели со херојските здравствени работници што сакаат да ги слават и да ги бодрат во родниот град и градовите.
Наградата за херој на Триша е дигитален колаж што го составила од неколкуте од 300 акрилни слики што се наоѓаат во нејзиното портфолио. Дизајнирано да биде персонализиран сертификат, вклучува празна линија „Постветено на“ каде што може да се додадат име (ња) со помош на која било основна алатка за уредување на телефон или компјутер. Можете исто така да го отпечатите за да го пополните со рака.
Ајде да ги поддржиме медицинските работници/чки!
Најнови коментари