Општо

Вистинската приказна за новинарките во Венецуела

Новинарите денес кај нас и секаде во светот се мета на напади иако тие се само медијатори на вестите. Во Венецуела постои голема опасност ако некој се занимава со оваа професија а уште поголема доколку тоа е жена.

Во 2017 година, Лорена , 28-годишна венецуелска фоторепортерка, била на задача што покривала национален штрајк во Каракас, кога била киднапирана од група дваесет вооружени лица.

„Градот беше многу мирен“, изјавува таа за Women Under Siege. „Продавниците беа затворени, а улиците празни. Кога престанав да фотографирам, слушнав како се приближува звукот на мотоцикли. Се плашев дека може да бидат безбедносните сили или вооружените групи – мажи со оружје кои имаат овластување да убиваат “.

Тие ја опколиле Лорена и нејзиниот возач, напаѓајки ги вербално. „Тие нè обвинија за прикажување на негативна слика за земјата во нашата работа“. Двајцата биле влечени во блиска напуштена зграда, каде биле чувани неколку часа. Лорена и нејзиниот возач биле ослободени  кога еден од мажите ја препознал од порано „Јас работев со него пред неколку години. Тој се сети на мене и не сакаше да ме нападне “, изјави Лорена. „Ако не беше тоа, јас можам само да замислам што би се случило со мене и со мојот возач“.

И покрај тоа што и двајцата не биле повредени, таа вели дека инцидентот оставил сериозен белег врз неа. Лорена на крајот решила да ја напушти Венецуела. „Ризикот од престој во земјата беше преголем“, изјавува таа. „Кога сте жена во оваа професија, тие ве гледаат како слаба и лесна цел. Сешто може да ви се случи во беззаконска земја со високо ниво на неказнивост “.

Од 184 напади врз новинари и вработени во медиуми, пријавени во Институтот за печат и општество во Венецуела меѓу јануари и декември 2019 година, имало 53 случаи на физички напад, 91 случај на заплашување и 21 случај на вознемирување, а 26 новинари изјавиле дека нивната опрема е украдена или уништена.

Во март 2017 година пак, репортерката Евангелика Гонзалез била брутално нападната од членови на Национална гарда на Венецуела, додека покривала студентски протест пред Врховниот суд во Каракас. „Ми рекоа дека сум проститутка и не заслужував да бидам Венецуела“, вели Гонзалесз. Таа исто така рече дека се соочила со закани за силување, смрт и напади врз нејзиното семејство ако не ја запре својата работа.

И двете новинарки продолжуваат со својата професија изјавувајќи: „Ако не продолжиме да ја работиме нашата работа како новинари, историјата на нашата земја ќе остане нераскажана. Се надеваме дека последиците од кажувањето на вистината ќе се променат“.