Општо

Филм за животот на Арета Френклин- наскоро во кината

Арета Френклин (25 март 1942 година – 16 август 2018 година) не бара големо формално запознавање. Нејзината работа опфаќа шест децении и вклучува безброј класици на топ листи, 18 Греми награди (44 номинации за Греми), Претседателски медал за слобода, дел е од Rock and Roll Салата на славните и Домот на Госпел музиката на Салата на славните. Арета дури има астероид именуван по неа. Овој август, извонредната животна приказна за музичката икона ќе се појави на големото платно на екранот. Филмот е именуван  „Respect“, а „Кралица на Соулот” ќе ја игра Jенифер Хадсон.

Во режија на Лизл Томи (Jessica Jones  (2015), The Walking Dead (2010) и Heartstrings на Доли Партон (2019)), а напишан од Трејси Скот Вилсон, филмот ќе го следи подемот на кариерата на Арета Френклин од девојче што пее во хорот на црквата на нејзиниот татко до успехот во светски размери. Објавено е дека Арета Френклин лично ја одбрала Jенифер Хадсон да ја игра во овој филм, што кажува дека овај проект ке ја претстави извонредната вистинска приказна за патувањето на музичката икона.

Покрај Хадсон, актерската екипа на “Respect” ги вклучува и Форест Витакер, Марлон Вејанс, Аудра Мекдоналд, Марк Марон, Титус Бургес, Саигон Сенгблох, Хејли Килгор, Скај Дакота Тарнер, Тејт Донован и Мери Џ. Блајнж.Премиерата на филмот е предвидена за 14 август 2020 година.