Општо

Елион Гертруд – генијалноста на еден ум

Општо, нашето искуство со одреден лек е незначајно додека очајно не ни притреба. Ретко се прашуваме „Кој го направи ова?“, а уште поретко „Што тие жртвуваа за јас да имам корист сега од ова?“.

Доколку сме малку повеќе љубопитни за овие работи, можеме да откриеме дека добар број на лекови што секојдневно спасуваат човечки животи илјадници пати, имаат свои корени во едно извонредно човечко суштество- добитник на Нобелова награда – Гертруд Елион (1918- 1999). Нејзиниот ум и пристап кон медицински изум го генерирал не само првиот лек ефикасен против леукемија, туку и првиот имуно-потиснувачки лек кој дозволил трансплантација на органи, првиот лек што ќе биде ефикасен против многу вируси и низа други соединенија што се користат за борбасо  херпес, маларија и сепса.

Елион брзо ги проучувала јазиците и историјата, како и природните науки и не чувствувала дека нешто конкретно ја  влече, се додека нејзиниот дедо, чие внимание и поддршка ѝ беа толку важни како дете, заболел од рак на желудник. Во тоа време таа била студентка на колеџот Хантер во Њујорк, кој го избрала бидејќи бил бесплатен. Нејзиното семејство ги изгубило сите финансии во  времето на Големата депресија. Таа одлучила дека хемијата, а особено врската помеѓу хемијата и болеста, ќе биде главниот фокус во нејзината работа.

Дипломирајќи во 1937 година со највисоки почести, Елион си дала за задачата да најде звработување како млада хемичарка,  само за да ги најде сите врати затворени, не затоа што немало работни места, туку затоа што немало работни места за жени хемичарки. Како резултат на тоа, еден од најголемите научни умови на нејзината генерација бил принуден да помине седум долги години во серија на секретаријални работни места, заменска настава и позиции на кое било место каде што ќе ја носел патот. Сепак, таа успеала да заштеди доволно пари како резултат на посетување на постдипломски часови на универзитетот Њујорк, собирајќи го знаењето и искуството што се покажало од суштинско значење кога нејзината нација подоцна станала доволно очајна за да конечно го види нејзиниот талент и вредност.

Времето ѝ се лизнало низ прстите – поминала скоро една деценија од нејзиното дипломирање и таа не била ниту блиску до  реализирањето на соништата на својата младост или заветите што ги дала од смртта на нејзиниот дедо.

По некоја случајност Елион се јавила на интервју во компанијата Burroughs Wellcome и си обезбедила работа заедно со научникот Џорџ Хитингс.  Во Елион тој пронашол  совршена ученичка, научничка која страсно и несебично се посветила на искоренувањето на болести и подготвена да работи долги часови за да ги утврди хемиските циклуси и метаболитичките процеси на болестите со цел да развие насочени лекови за борба против нив.

Ова била привлечена  работа за која Елион сонувала уште од своето детство и на крајот донела највисоки можни резултати, но пред да го премине прагот во нејзините години како зрела научничка, ја пречекало уште едно искушение. Таа во меѓувреме работела на докторските студии во Политехничкиот институт во Бруклин неколку години,  кога била повикана од деканот да ѝ каже дека ако сака да ја заврши  својата докторска дисертација, ќе треба да се откаже од својата работа во Burroughs Wellcome. Таа се  соочила со ужасна одлука – дали да продолжи со докторатот  по цена на напуштање на значајната работа која ѝ  требало толку долго време да ја најде, или можеби засекогаш да ја изгуби можноста да стане Доктор на науки. Пред неа се поставило прашањето дали секогаш ќе биде третирана како подредена, под надзор, доколку нема докторски студии?

Елион се решила да ризикува. Таа се откажала од докторските студии после две години труд и се посветила целосно на создавање нови лекови. Наскоро откритијата започнале да течат од нејзината лабораторија во еден дури нереален процес.

Елион се пензионирала во 1983 година, а во 1984 година тимот што таа го обучила бил одговорен за создавање на АЗТ, единствениот лек достапен за лекување на СИДА до 1991 година. Во 1988 година ја поделила Нобеловата награда за физиологија или медицина со Хитингс за нивните улоги во откривањето на нови методи во развојот на лекови. Хитингс не бил воодушевен што ја дели наградата со некоја за која сметал дека е негова подредничка, но Нобеловиот комитет тврдел дека нејзината работа по неговото заминување во развојот на првиот антивирусен лек во светот е прилично добар знак дека таа играла голема улога во компанијата Буроус Велкомес во 1950-тите и раните 1960-ти.

Елион продолжила да работи и истражува во Бароус Велкомес, како и да предава часови по методологија на Универзитетот Дјук по нејзиното службено пензионирање. Нејзиниот последен труд бил објавен во 1998 година, една година пред нејзината ненадејна смрт.

Постојат броеви кои ја сумираат кариерата на Елион – 45-те патенти, над двеста научни статии, шест децении работа, а има и броеви што можеби никогаш не можеме да ги пресметаме – бројот на деца излечени од леукемија, бројот на животи што се зачувани заради успешна трансплантација на органи, број на лица заштитени од инфекции со антивирусен лек, кои ѝ ги должиме на нејзината посветеност на истражувањето на основите на биохемиските интеракции и нејзината способност да гледа апликации во нови полиња за варијации на стари соединенија. Таа ја видела болеста како ланец на хемиски дејствија. Зад оние лекови кои секојдневно ни го чуваат здравјето на толку многу од нас, постоел еден брилијантен ум, а на тој ум му припаѓа лице, што вреди да се запамети, во време на болест сигурно, но и во оние моменти  на здравје.