“Која била првата хемичарка?” Кога на 7-годишна возраст Џорџија Рос го постави ова прашање, во 2017 година, нејзината мајка Шауна Уп, фотограф и учителка во домови, ја искористи можноста да се нурне во проект за истражување што нив две ги натера да научат за д-р. Марија Мејнард Дејли, првата жена Афро-американка која имала докторат по хемија во Соединетите Американски Држави. Приказната на Дејли ја инспирирала Џорџија да си игра создавач на историјата, „играјќи“ хемија цел ден. Тоа бил моќен момент кој се развил во еден динамичен проект за фото-биографија од мајка и ќерка, наречен „Таа направи историја“, Џорџија, до денес има 100 различни фотографии од Афро-американки за кои дознала, секоја придружена со своја инспиративна приказна.
Во интервју, мајката на Џорџија- Шауна за WYSK вели: „Јасно беше дека Џорџија оствари длабока и лична врска со достигнувањата и животната приказна на д-р Марија Мејнард Дејли. Тоа беше одлична можност да се донесе историјата во живот, а и таа сама да се мотивира како млада Афро-американка. Направив неколку слики, ги испечатив со малку резиме за да ги задржи. И токму тогаш, имавме почеток за личен план за домашна настава за нашата ќерка. Фокусирањето на овие жени кои направиле историја ни даде возбудлив правец “.
„Има толку многу неверојатни Афро-американски, и минати и сегашни, кои имаат важни приказни“, споделува Шауна. „Тие се силни, интелигентни, храбри, снаодливи, талентирани жени кои го обликуваа светот околу нив“. Затоа, одлучувањето која жена да ја портретираат е најпредизвикувачкиот дел од авантурата „Таа направи историја“ на дуото мајка-ќерка. На крајот изборот е на Џорџија и таа обично ги избира жените засновано врз нешто во нејзиниот свет што предизвикува интерес.
Продолжувајќи да го шират проектот Шауна и Џорџија објавуваат нова фото-биографија на својот сајт и на Инстаграм секој ден. Нивната посветеност и мисија е навистина инспиративна. „Замислете ако секое девојче растеше да учи за овие извонредни жени, тие никогаш нема да се сомневаат во нивното место во светот или во нивните неограничени можности“, вели Шауна.
Најнови коментари