Глобалното движење Women in Tech® најавува 24-часовна виртуелна конференција за сите заинтересирани во технологија овој четврток, 28 мај 2020 година со почеток од 13 часот. Целта на Women in Tech® со темата „Заземи простор“е да претстави глобално заземање на просторот што им е потребен на сите девојки и жени да напредуваат во нивниот професионален и приватен живот.
Конференцијата ќе започне во 13 часот попладне во Париз (CET) и ќе трае 24 часа (во живо) од различни делови на светот. Повеќе од 150 говорници од целиот свет, вклучително и нашата земја, Австралија, Канада, Чиле, Франција, Гана, Иран, Израел, Тајланд, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Перу, Обединетите Арапски Емирати, САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Косово, Јужна Африка, Шведска, Швајцарија, ќе презентираат успешни приказни, клучни теми, решенија, преку панел дискусии, презентации, интервјуа и работилници.
„Живееме во невидени времиња, каде нашиот физички простор е оспорен и ограничен, без оглед на полот, возраста или националноста. Затоа имаме за цел да охрабриме разговор со жените од целиот свет за тоа како човештвото може да заземе простор на земјата и пошироко, на поодржлив и инклузивен начин за нашата иднина. Ајде да зголемиме можности за жени и девојки во технологија. “- вели Ајуми Мур Аоки, основач на глобалното движење Women in Tech.
“Горди сме што оваа конференција е носител на врвни и светски инспиративни жени како Д-р Кристил Џонсон, заменик директорка за технологија и истражувачки инвестиции во НАСА „Годард“ Центарот во Гринбелт, почесна претседателка на Women in Tech, која ќе ја предводи Вселенската панел дискусија каде ќе се разговара за „Како можат вселенските технологии да го подобрат животот на Земјата“. Други панелистки се: д-р Холи Гилберт, директорка на одделот за хелиофизика (НАСА Годард) и д-р Криста Питерс-Лидар, главна научничка (НАСА Годард) и д-р Лори Глаз, директор на планетарна дивизија (НАСА, Вашингтон).”
Покрај странските познати говорници, од нашата земја, говорници, ментори и модератори ќе бидат локалните Амбасадори – Катерина Трајчевска која ќе оддржи работилница за претприемништво и започнување на свој бизнис, Моника Ризовска ќе води панел дискусија за млади претприемачи и лидери и министерката за финансии на Република Северна Македонија – Нина Ангеловска ќе говори на панел дискусијата со светските лидери министри за како може да се овозможат повеќе услови на сите девојки да го доразвијат својот потенцијал.
Во текот на оваа виртуаелна тура, Women in Tech глобалното движење ќе лансира и 7 нови поглавја на жени во технологија во: Ангола, Канада, Перу, Израел, Тајланд, САД и Јужна Африка. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да слушнат светски лидерики, модели на пример и жени во технологија што ќе го промовираат својот домен од индустрии од вештачка интелигенција до Blockchain, FemTech, климатски промени и HealthTech.
Сите заинтересирани може да се регистрираат онлајн овде.
Повеќе за говорниците и менторите овде.
Повеќе за програмата и агендата на овој линк
“Со 15.000 членови низ целиот свет, Women in Tech е меѓународна организација со двојна мисија: да се затвори родовиот јаз и да им се помогне на жените да ја прифатат технологија. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, при што имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со овозможување на потребните вештини и самодоверба за да успеат во сите СТЕМ кариери. Преку нашата мисија предводена од целите, тесно поврзана со Одржливите нации на ООН Развојни цели, ние се фокусираме на спроведување на нашата стратегија преку напредок и фокус на четирите главни столба: Образование, претприемништво, социјално вклучување, наука и иновации.”-изјавува Ајуми Мур Аоки.
Најнови коментари