Општо

Како младите да стекнат искуство порано, за да можат да се справат со бизнис светот во иднина

Чела Харди ја создаде првата таканаречена “Програма за подготвување на работното место за средни училишта” која е единствена програма која им дава преглед на студентите во училницата, како би изгледало да работат во канцеларија. Неделното искуство ги симулира дневните активности на една компанија со фиктивен список на клиенти од различни книжевни, актерски и музички таленти. Во текот на петте дена, на учесниците им се доставуваат до сто задачи поврзани со поп-културата преку виртуелен простор.

“Ја создадов оваа програма за да го надополнам постојниот план за кариера и техничко образование (CTE) и да им помогнам на тинејџерите да го искусат работното место во реалниот свет и бизнис.” Вели Харди. Програмата ги учи младите на  вештини за подготвеност на работното место, идентификувани како клучни од работодавците – вештини за кои на тинејџерите им треба помош во подготовките за својата професионална иднина.

“Би сакала да го тестирам ова оваа учебна година и почетокот на следната во десет училници низ целата земја, за да можам да соберам повратна информација и да направам какви било измени во програмата пред предвиденото започнување на наредната година. Со парите што се обидувам да ги соберам ќе ги покријам времето поминато од мене и мојот тим во подготвување на порталот за секоја училница, уплоадирање на задачи секој ден за учесниците, интеракција со наставникот и учениците во рамките на работниот простор во текот на недела, разгледување на нивните домашн задачи и проценки за наредни активности по завршувањето на првите. Звучи како многу работа … но тоа е добро!” со радост изјавува Харди.

“Да предизвикам внимание и да им дадам на луѓето преглед на програмата во училницата, создадов интернет пример со десет задачи и го спакував во БЕСПЛАТЕН курс наречен “Како е да се работи во канцеларија?”

Ваков тип на проект е навистина потребен во сите општества, како младите побргу би имале увид во она што ги чека кога ќе почнат да ја развиваат својата професионална кариера.