Општо

Ангела Меркел – Една од најмоќните политичарки, заминува од владата

Владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) во Германија, треба да избере нов лидер/ка до крајот на 2020 година, кој/а би бил/а кандидат/ка за функцијата канцелар/ка на федералните избори следната година, а сегашната канцеларка Ангела Меркел деновиве повтори дека останува на одлуката да не се кандидира за петти мандат на чело на владата на најголемата европска економија.

Меркел во интервју за ЗДФ, одговарајќи на прашањето дали е во искушение да ја преиспита таа одлука во контекст на пандемијата на коронавирусот, рече: „Не, апсолутно не“.

Таа додала дека е „цврсто решена“ дека ова ќе биде нејзиниот последен мандат.

Меркел (65) ужива голема популарност во земјата, а според последните анкети на телевизијата АРД, дури 71 процент од испитаниците се задоволни од нејзината работа за време на пандемијата со вирусот ковид-19.