Општо

Ниедна жена не сака сопствена фирма заради разликите во платите на мажите и жените

Приказната за родовиот јаз во платите меѓу мажите и жените е сеуште присутна. Пренесуваме едно истражување на Forbes.

Призната како клуб за стари момчиња, приватната индустрија на капитал е во ризик да стане дополнително недоволно застапена од жените заради прашања околу родовиот јаз во платите, недостаток на различност и отпорност за промена на машката култура која опстојува во овој сектор.

Според 10-то издание на анкетата „General Partner Trends“ на Инвестик, 0% од анкетираните жени би сакале да започнат свои практики за приватна сопственост доколку ја напуштат сегашната фирма, што е намалување за 2,3% во 2019 година. Три од пет исто така веруваат дека би биле платени повеќе за вршење на истата работа ако би биле мажи.

Додека бумот на приватниот капитал од 1980-тите и 1990-тите ги привлече најдобрите умови во финансиските услуги, жените не влегоа во секторот со иста стапка како и мажите. Денес, жените сочинуваат само 9,4% од високите позиции во приватниот капитал, а само околу 18% од работната сила во индустријата

Дебора Сајаг од приватната банка Инвестик, истакна дека оваа анкета има за цел да ја доведе во прашање приватната индустрија на капиталот за тоа дали сегашните вработени се гледаат на истата работна позиција во следните три години.

Таа додаде дека многумина го споредуваат влијанието на избувнувањето на „Ковид-19“ со финансиската криза од 2008 година и во разговорите што се случија пред повеќе од една деценија, „луѓето велеа дека ако имавме повеќе жени на високи лидерски позиции, немаше имаше толку голема криза. Важно е да имате различни тимови за да нè извлечат од кризи “-изјавува Дебора. „Зборуваме многу за напредокот што е постигнат, но реалноста е дека не сме доволно колку што е тоа длабоко вкоренето во нашата ДНК.”

Фирмите со приватнен капитал гледано наназад , регрутираат најдобри кадри рангирани на Fortune 500, (фирми за консултантски менаџмент, инвестициски банки, сметководствени и правни фирми), кои и самите не се многу разновидни. Фирмите ќе треба да ја променат својата култура за вработување со цел да поттикнат вистинска и вредна трансформација и да ја сменат традицијата која ги става мажите на врвот во приватниот капитал и финансиските услуги како целина.

Инвестик откри дека 21% од жените се незадоволни од нивните кариери во приватниот капитал, во споредба со 8% од мажите. Ова значи дека како што другите сектори во просторот за финансиски услуги стануваат се поголеми иновативни, оваа индустрија е под закана да стане регресивна бидејќи продолжува да работи без свест за важноста на различностите. Жените заработуваат 65 пени за секоја 1 фунта што им се исплаќа на мажите на просечен час.

Како и да е, јазот во платите е само врв на ледениот брег кога станува збор за нееднаквоста во овој простор и, пак, ќе биде пречка за жените кои сакаат да влезат во управувањето со фондациски менаџмент.

„Нашето истражување покажува дека треба сеуште да се работи на проблематиката. Клучна област за решавање останува транспарентноста  околу  родовиот јаз во платите. Ова е нешто што е апсолутно суштинско значење ако сакаме да задржиме повеќе жени во секторот. Треба да се осигураме дека повеќе жени можат да се потпрат на фактот дека успешна кариера во приватниот капитал е достапна и за нив и дека и тие можат да отворат своја фирма по желба“ заклучува Дебора Сајаг од приватната банка Инвестик.