Општо

Медицински сестри од Клиничката болница во Битола заминаа во ГОБ 8ми Септември во поддршка на КОВИД борбата

Клиничката болница Битола е регионален  КОВИД центар. Персоналот во неа е спремен за да  се справи со пандемијата. Но факт е дека Скопје во моменот е  најголемото жариште во Македонија и тамошните  капацитетите се борат со сите сили да им помогнат на сите хоспитализирани лица. Можеме само да претпоставуваме колку им е тешко во овие моменти.

 Утрово  Клиничката болница од Битола испрати свој тим од три медицински сестри во ГОБ 8ми Септември за помош. Тоа се: Николина Митановска, Виолета Димова и Маријана Невеновска и јавно им се заблагодари за жените хероинки кои први покажаа солидарност со зборовите : “Ви благодариме што го прифативте предизвикот и ја покажавте вашата хуманост, несебичност и пожртвуваност. Чувајте се”.

Ова нека служи за пример, како медицински сестри кои учеле да спасуваат животи на дело ја покажуваат нивната сила во овие ризични моменти за македонското здравство.