Општо

Стипендија за магистерски студии во Австрија за девојки и жени

Стипендијата Helmut Veith  е отворена за сите жени и девојки на меѓународно ниво кои сакаат да добијат магистерска диплома од областа на компјутерските науки на TU Wien, со предавања на англиски јазик, за академската  2021-2022 година. Краен рок за аплицирање е 30 Ноември 2020. Стипендијата  обезбедува 6000 евра на годишно ниво во времетраење од две години и ослободување од сите школски трошоци на TU Wien.

Оваа стипендија е посветена на сеќавањето на еден извонреден компјутерски научник, кој работел во областите:логика во компјутерската наука, компјутерска безбедност и софтверско инженерство. Хелмут Вит, кој трагично починал во март 2016 година, бил силен застапник за жените да ги изучуваат компјутерските науки како и нивни долгогодишен ментор.

Добитничките на оваа стипендија ќе живеат во Австрија и ќе мора да покажат добри резултети за време на нивните студии. Helmut Veith  започна со поддршка од TU Wien, Институтот Волфганг Паули и со придонеси од семејството и пријателите на покојниот Хелмут Вит.

Повеќе информации за стипендијата може да најдете тука.

Ги охрабруваме сите девојки и жени кои сакаат да го продолжат своето образование во компјутерските науки, да аплицираат за стипендијата, која претставува одлична можност за професионално надоградување во оваа област.