Нашата ракометарка, која потекнува од ракометно семејство- Леонида Гичевска го напушта Женскиот Ракометен Клуб Куманово и оди да игра во редовите на Францускиот Клуб Ардеш Ле Пужен.
22-годишната ракометарка , која потекнува од Свети Николе, тренира ракомет од свои 7 години и за тоа време кажува дека имала по два тренинзи на ден. Таа досега има играно во ЖРК Вардар, ЖРК Металург и ЖРК Куманово.
Леонида сега се одлучи за интернационален предизвик. За неа ова ќе биде прво искуство од ваков тип и таа ќе се обиде да се докаже и надвор од границите.
Ова е пример како со голем труд може да се стигне многу далеку.
Најнови коментари