Во рамки на серијалот „Секојдневни Хероини“ започнуваме со интервјуа на жени кои секој ден прават по некој успех, без да се фалат со тоа. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и секојдневно се борат. Жени кои имаат огромно животно искуство кое споделено со други ќе придонесе за зајакнување на позициите на жените воопшто. Денес разговараме со Александра Алексиќ.
Еднакви.мк: Кој момент го сметате како пресвртница во својот живот, односно Ви оставил најголемо влијание во животот?
Александра Алексиќ: Во мојот живот имаше повеќе пресвртници, почнувајќи од периодот кога бев средношколка кога почна моето осамостојување на 14 години. Друга пресвртница кога се вработив многу млада. Трета пресвртница кога станав мајка. Но,најголема пресвртница ми беше кога станав самохран родител. Не е едноставно да се биде самохран родител на два тинејџери. Тоа беше најголема пресвртница во мојот живот. Сватив дека невозможното станува возможно, животното искуство ми помогна во креирање на некоја подобра верзија и појака од себе.
Еднакви.мк: Што мислите дека им е потребно на жените во Македонија?
Александра Алексиќ: На жените во Македонија им е потребна подршка, а не стереотипизација и дискриминација. Стигматизација, дискриминација и феминизмот за жал сеуште се присутни на нашите простори. Жената во Македонија не е сослушана, нејзиниот труд ретко е валоризиран, како на приватен, така и на професионален план.
Еднакви.мк: Кој е најважниот совет што некогаш сте го дале некому?
Александра Алексиќ: Малите нешта ме прават среќна. Никогаш не барај во животот повеќе од она што го имаш. Доволно е здравје, упех и среќа, прво на моите две деца, а после на мене. И на сите има давам совет кога имате проблем решете го и веднаш заборавете го. Во животот се чекори со насмевка на лице.
Еднакви.мк: Што би им препорачале на одлучувачите да направат за жените во Македонија?
Александра Алексиќ: На жените да им биде обезбедена еднаквост на секој план. Одлучувачите само зборуваат дека ќе им ја дадат подршката, но ретко ја даваат дури и кога имаат таква можност.
Еднакви.мк: Доколку можете да промените три работи, кои би биле тие?
Александра Алексиќ: Само една сакам, а тоа е да се вратат моралните вредности кај луѓето.
Еднакви.мк: Што би им препорачале на младите жени кои се сеуште несигурни во себе?
Александра Алексиќ: Секоја жена треба да има самодоверба, да се сака самата себе. Не, тоа не е себичност, тоа го подигнува егото и на тој начин ќе успее во животот.
Најнови коментари